ПРВ.мк
Скопје

Организирани бесплатни здравствени консултации - еве кога и каде!

Организирани бесплатни здравствени консултации - еве кога и каде!

Општина Центар ќе организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните на 6 април, во пресрет на Светскиот ден на здравјето, информира градоначалникот Горан Герасимовски.

Настанот ќе се одржи во Општинскиот младински центар „Матично“ од 09:00 до 15:00 часот, каде граѓаните ќе можат да добијат бесплатни совети и превентивни проверки.

„Ги поканувам граѓаните да дојдат и да се консултираат со тим специјалисти, да направат мерење на крвен притисок и шеќер во крвта и да добијат бесплатни совети. Целта е да ја поттикнеме свеста за грижата за сопственото здравје и значењето на превентивните контроли. Здравото население е најголемото богатство“, изјави Герасимовски.

Во рамки на настанот, граѓаните ќе можат да разговараат со гинеколог, ортопед, дерматовенеролог и инфектолог, додека студенти по медицина ќе вршат мерење на крвен притисок и гликоза.

Во стручниот тим се вклучени и советници од Советот на Општина Центар, а активноста се реализира во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Од Општината истакнуваат дека продолжуваат со активности насочени кон унапредување на квалитетот на живот и промоција на здрави навики кај граѓаните.