ПРВ.мк
Македонија

Унгарските промени ја отворија темата: дали Груевски може да биде вратен во Македонија?

Унгарските промени ја отворија темата: дали Груевски може да биде вратен во Македонија?

Евентуалната екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски повторно се најде во центарот на вниманието, откако Кривичниот суд во Скопје ја достави потребната документација до Министерството за правда.

Македонските институции ја следат политичката ситуација во Унгарија, каде што најавените промени би можеле да отворат нов простор за постапување по барањата за враќање на Груевски во земјата.

Министерот за правда Игор Филков потврди дека Македонија е заинтересирана за негово враќање, а се очекува официјалните чекори кон Будимпешта да се преземат по конституирањето на новата унгарска влада.

Дополнително внимание предизвикаа најавите на Петер Маѓар, кој најавува ревизија на сомнителни политички азили. Тоа би можело да ја доведе во прашање заштитата што Груевски ја доби во Унгарија.

Сепак, правната процедура останува сложена. Додека Груевски има статус на политички азил, екстрадицијата е тешко изводлива. Дополнителен проблем би било доколку тој поседува унгарско државјанство.

Доколку биде вратен во Македонија, Груевски се соочува со изречени затворски казни, но како осуден во отсуство би имал право да бара повторување на судските постапки.