ПРВ.мк
Македонија

Две злата за Македонија: Македон влезе меѓу лауреатите на престижната олимпијада

Две злата за Македонија: Македон влезе меѓу лауреатите на престижната олимпијада

Македонија има голема причина за гордост по извонредниот успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада, чија финална фаза се одржа во Франкфурт од 28 април до 3 мај 2026 година.

На престижното натпреварување, Македон освои два златни медала – еден во индивидуална конкуренција по математика и уште еден во математички предизвик.

Неговиот успех беше дополнително потврден со влез во групата на лауреати, признание што се доделува само на најуспешните учесници.

Со македонското знаме и двата медала, Македон достоинствено ја претстави земјата на меѓународната сцена. Овој резултат е доказ за неговиот талент, дисциплина, посветеност и љубов кон математиката.

Неговиот успех е инспирација за младите и силна порака дека со труд, знаење и поддршка можат да се постигнат врвни резултати.