ПРВ.мк
Македонија

Нови закони за миленици во Македонија: Несоодветно чување или шетање куче ќе се казнува со 400 евра! - ова се деталите

Нови закони за миленици во Македонија: Несоодветно чување или шетање куче ќе се казнува со 400 евра! - ова се деталите

Во Македонија се подготвува нов Закон за заштита и благосостојба на животните кој носи радикални промени – секој што ќе напушти домашен миленик ќе добие трајна забрана да чува нов миленик.

Предлог-законот предвидува и високи глоби: несоодветно чување или шетање куче ќе се казнува со 400 евра, а сурово однесување, мачење или убивање животни со дури 5.000 евра.

Целта е да се спречи неконтролирано размножување и трговија со миленици, како и да се намали бројот на бездомни кучиња на улиците. Според членот 4, сопственикот кој ќе го напушти миленикот трајно губи право да чува животни. Забрането е милениците да бидат постојано врзани или затворени без слободно движење, а строго се забранува колење или усмртување за ритуални цели.

Законот предвидува и задолжителна стерилизација на кучиња, ограничување на бројот на легла (едно годишно), како и регистрација на пансиони, продавници и одгледувачници. Ќе се формира и Центар за трајно згрижување и вдомување на напуштени животни, со нов концепт за нивна заштита.

Контролата ќе ја вршат инспектори од АХВ, комуналните инспекторати и МВР.

Иако АХВ тврди дека предлог-законот е доставен до Министерството за земјоделие на 9 април, од Министерството за Телма изјавиле дека до нив такво решение не стигнало.

Овој закон, ако биде усвоен, ќе значи најстрога регулатива досега за сопствениците на миленици во Македонија – со јасна порака: животното не е играчка, туку обврска и одговорност.