ПРВ.мк

УХМР предупредува: Утре невреме во Македонија

УХМР предупредува: Утре невреме во Македонија
Vero

Под влијание на влажен бран утре и во недела ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70км/ч). Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од 30 до 50л/м2 дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, особено во недела и почетокот на следната седмица.

Во Скопје, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи и засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран