Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека исплатата на средствата од мерката МојДДВ за скенираните сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува и дека не е прекината ниту откажана.
Дел од спецификациите се соочиле со технички проблем поврзан со промена на банка или трансакциска сметка кај корисниците. Во такви случаи, целата пратка системски се враќа и исплатата се одложува, но надлежните веќе работат на решавање на проблемот.
Средствата ќе бидат исплатени веднаш штом се заврши техничката преработка, а за корисниците со валидни и потврдени податоци исплатата е веќе во тек.
Апел до граѓаните: Доколку имате промена на банка или трансакциска сметка, веднаш ажурирајте ги податоците во системот за да се обезбеди навремена исплата.
Граѓаните можат да бидат спокојни – сите средства од МојДДВ ќе бидат исплатени.















