ПРВ.мк
Македонија

Градинките во Велес поскапуваат од 1ви Февруари - eве за колку!

Градинките во Велес поскапуваат од 1ви Февруари - eве за колку!
Kristal

Од 1 февруари, родителите во Велес ќе плаќаат повисок месечен надоместок за престој на децата во детските градинки. Со одлука на Советот на Општина Велес, цената се зголемува за 500 денари, од досегашните 1.490 на 1.990 денари, што претставува раст од над 30 проценти.

Од управата на градинката посочуваат дека ова поскапување е резултат на значително зголемените трошоци во изминатиот период. Како главни причини се наведуваат повисоките цени на храната, зголемените трошоци за затоплување, како и тековното одржување на објектите. Според раководството, досегашната цена веќе не ги покривала реалните расходи, што создавало финансиски притисок врз установата.

Одлуката предизвика реакции и несогласувања на седницата на Советот. Дел од советниците побараа одложување на зголемувањето, предлагајќи мерката да стапи на сила од почетокот на новата учебна година, со цел да им се даде повеќе време на родителите да се прилагодат на новите трошоци, особено семејствата со повеќе деца.

И покрај забелешките, мнозинството советници ја поддржаа одлуката, што значи дека повисоките цени ќе важат веќе од февруари. За многу семејства во Велес, ова зголемување претставува уште еден сериозен товар врз домашниот буџет во услови на растечки животни трошоци.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo