ТТК Банка ги израдува своите пензионери со информацијата дека денеска ќе ја реализира предвремената исплата на пензиите, овозможувајќи им средствата да им бидат достапни пред редовниот термин.
Пензионерите кои располагаат со Visa или Mastercard дебитна картичка издадена од ТТК Банка, ќе можат веднаш да ги користат средствата. Пензијата може да се подигне на банкоматите на Банката, но и да се искористи за безготовинско плаќање во продавници и други продажни места.
За корисниците кои немаат дебитна картичка, Банката овозможи исплата на пензијата преку своите експозитури и филијали, каде што средствата ќе можат да се подигнат согласно работното време.
Од ТТК Банка повторно ги повикаа своите клиенти да ги користат современите начини на плаќање и располагање со средствата. Банката препорачува користење на интернет банкарството TTK E-bank, мобилната апликација TTK M-bank, како и платежните картички за безбедно, брзо и практично плаќање без употреба на готовина.






