Во Куманово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби мотоциклист, соопштија надлежните служби.
Несреќата се случила на улицата „Доне Божинов“, кога патничко возило „Сеат Ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 64-годишен маж од Куманово, се судрило со мотоцикл што го возел 49-годишен жител на градот.
Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош.
На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово, а се работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до судирот.





