СВР Штип поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.Д. од Штип, поради сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР.
Според информациите, на 30 мај годинава пријавениот преку социјална мрежа упатувал закани кон својата вонбрачна партнерка, по што подоцна со употреба на запалива течност предизвикал пожар во дворот на нејзината куќа.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по документирање на случајот е поднесена соодветна кривична пријава против него.
Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.



