ПРВ.мк
Македонија

ЛИШЕНА ОД СЛОБОДА ПРОФЕСОРКА: Побарала 300 евра од студент за да положи испит!

ЛИШЕНА ОД СЛОБОДА ПРОФЕСОРКА: Побарала 300 евра од студент за да положи испит!

Во Штип е лишена од слобода 39-годишна професорка од универзитетот, под сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“, соопштија од СВР Штип.

Според полициските информации, случајот бил пријавен од студент од Турција со привремен престој во Штип, кој навел дека професорката побарала 300 евра за да му овозможи полагање испит.

По пријавата, во координација со Основното јавно обвинителство Штип биле преземени мерки, при што на студентот му биле предадени крим-технички обработени банкноти. Полицијата ја привела професорката веднаш откако ги примила парите.

Таа е задржана во полициска станица, а парите се одземени како доказ. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Случајот се води како дел од постапка за корупција во образовна институција, а истрагата продолжува.