Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денеска, 5 јануари 2026, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година.
Исплатата се однесува на следните права:
- Гарантирана минимална помош
- Гарантиран детски додаток
- Додаток за социјално домување
- Еднократна парична помош
- Еднократна парична помош за новороденче
- Образовен додаток
- Образовен додаток – студирање
- Родителски додаток за трето дете
- Социјална сигурност за стари лица
- Траен надоместок
- Цивилна инвалиднина
- Сместување во згрижувачко семејство
Посебен додаток, Парична помош за попреченост и Туѓа нега ќе бидат исплатени дополнително.
Корисниците со дебитна картичка можат да подигнат готовина од банкоматите, да плаќаат безготовински или преку електронско и мобилно банкарство.
За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се врши во две групи според азбучен ред на презимето:
- 05.01.2026 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
- 06.01.2026 – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Оваа мерка е воведена за да се избегне метеж и гужви во банките.
















