Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид – Кичево, со кое ја најави пуштањето во функција на 40 километри од новиот патен правец.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ – напиша Николоски.
Со овој нов автопат, патувањето помеѓу Охрид и Кичево ќе биде значително побрзо и побезбедно, а инфраструктурниот проект се очекува да ја олесни и туризмот во регионот.
















