ПРВ.мк
Македонија

Уапсени четири малолетници за лажните дојави за бомби во Македонија!

Уапсени четири малолетници за лажните дојави за бомби во Македонија!
Kristal

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои четири малолетници, поради лажните дојави за поставени бомби во училишта во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во изминатите денови, наставата во повеќе основни и средни училишта во градот беше прекинувана поради дојави за бомби. По секоја пријава, полицијата вршела проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажни аларми.

Од МВР информираат дека денеска полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода тројца малолетници поврзани со случаите, додека претходно биле приведени уште две лица, од кои едно исто така малолетно.

Против сите петмина ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство согласно Кривичниот законик.

Од полицијата упатија апел до родителите да преземат поголема контрола врз своите деца и да се спречат вакви појави, кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем.

Исто така, најавено е дека ќе се преземат и педагошки и социјални мерки во соработка со образовните институции и центрите за социјална работа.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo