ПРВ.мк
Македонија

ЦЕЛОСНО ФИНАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ: Булеварот „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци доби комплетно ново и безбедно сообраќајно решение!

ЦЕЛОСНО ФИНАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ: Булеварот „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци доби комплетно ново и безбедно сообраќајно решение!

Сообраќајното решение на булеварот „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци е комплетно завршено. По поставувањето на последната сообраќајна сигнализација, овој крупен инфраструктурен проект на локалната самоуправа е целосно финализиран, со што кавадарчани добиваат уредена и современа сообраќајница која значително ќе го олесни секојдневното движење.

На терен е изведена комплетна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, а посебно внимание е посветено на алтернативниот сообраќај. Во рамките на проектот, целосно се обележани и уредени велосипедските патеки од двете страни на булеварот.

Со оваа финализација, оваа фреквентна сообраќајница во Кавадарци добива уреден, максимално безбеден и современ изглед кој директно ќе придонесе за поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот – како за возачите, така и за пешаците и велосипедистите.

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проекти што го подобруваат квалитетот на урбаното живеење, со силно темпо на работа и континуирано унапредување на локалната сообраќајна инфраструктура низ целиот град.

Најнови вести