ПРВ.мк
Македонија

Три авиони го гаснат пожарот, екипите остануваат на терен цела ноќ

Три авиони го гаснат пожарот, екипите остануваат на терен цела ноќ

Голема акција за гаснење на пожарот во Општина Студеничани е во тек, а во интервенцијата се вклучени и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од Центарот за управување со кризи.

Директорот на ЦУК е на терен заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, кои работат на локализирање на огнот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Покрај интервенцијата од земја, пожарот се гасне и од воздух со трите авиони на ДЗС.

Од ЦУК информираат дека во моментов нема опасност за ниту едно населено место и дека состојбата внимателно се следи.

Надлежните служби ќе останат на терен во текот на целата ноќ, при што ќе продолжи координацијата на активностите и следењето на движењето на пожарот.