ПРВ.мк
Балкан

Србија ја засилува воената моќ: 40 борбени авиони и нови ракетни комплекси

Србија ја засилува воената моќ: 40 борбени авиони и нови ракетни комплекси

Србија продолжува со засилено вооружување и модернизација на своите вооружени сили, а претседателот Александар Вучиќ најави дека земјата наскоро ќе располага со 40 борбени авиони.

За време на посетата на фабриката „Јумко“ во Куршумлија, Вучиќ направи споредба со состојбата во српската армија од пред повеќе од една деценија, кога, според него, земјата располагала со само еден оперативен борбен авион.

„Наскоро ќе имаме 40 борбени авиони, а да не зборуваме за ракетни системи, системи за повеќецевни фрлачи на ракети и сè останато што наскоро ќе можете да го видите“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател најави дека зајакнувањето нема да биде ограничено само на воената авијација. Армијата треба да добие и нови ракетни системи, повеќецевни фрлачи и друга современа воена опрема.

Според Вучиќ, сегашните способности на српската армија се значително подобрени во однос на периодот кога тој бил министер за одбрана.

Најавата за 40 борбени авиони доаѓа во период кога Србија инвестира значителни средства во модернизација на вооружените сили, со посебен акцент на воздухопловството, противвоздушната одбрана и ракетните системи.