ПРВ.мк
Македонија

Тргнавте кон Грција? Подгответе се за чекање – гужва на Богородица

Тргнавте кон Грција? Подгответе се за чекање – гужва на Богородица

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патиштата низ Македонија, а најголемо задржување во моментов има на граничниот премин Богородица.

Според информациите, за излез од Македонија кон Грција се чека околу еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но АМСМ апелира возачите да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можност од одрони. Како почувствителни се посочуваат делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Од 17 август до 1 октомври ќе има изменет режим на сообраќај пред наплатната станица Преод поради санација на косина на автопатот А4, на делницата Миладиновци–Свети Николе–Штип.

Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за возила со максимална дозволена маса до 3,5 тони.