На улицата „Мирче Ацев“ во Богданци вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 64-годишен жител на градот.
Според информациите од МВР, на 08.04.2026 околу 18:50 часот било пријавено дека трактор „Фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С. (64), излетал од патот, удрил во бетонски ѕид и се превртел.
Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.










