ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО УЧИЛИШТЕ: Директорка добивала закани по откриена фејк диплома – ѝ запалиле и автомобил!

СКАНДАЛ ВО УЧИЛИШТЕ: Директорка добивала закани по откриена фејк диплома – ѝ запалиле и автомобил!

Директорка на основно училиште од скопско пријавила дека со месеци добива закани, откако при инспекциски надзор било утврдено дека вработена во училиштето користела фалсификувана диплома, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, на 08.04.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје, 34-годишната директорка пријавила дека од декември 2025 година континуирано добивала закани од лицето З.Р.

Како што навела, причината за заканите била тоа што при контрола на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на пријавениот, која работела во училиштето, приложила фалсификувана диплома.

Директорката пријавила и дополнителен сериозен инцидент – на 31 декември 2025 година, пред нејзиниот дом, ѝ било запалено патничкото возило.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.