Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Алпер Акташ, на која се разговараше за натамошно продлабочување на билатералната соработка, особено во областа на безбедноста.
Тошковски посочи дека односите меѓу двете земји се темелат на долгогодишна соработка, доверба и меѓусебна поддршка.
Посебен акцент на средбата бил ставен на финализирањето на Договорот за безбедносна соработка, кој треба да овозможи дополнителни механизми за заедничко дејствување во справувањето со тероризмот, организираниот криминал и нелегалната миграција.
Разговарано било и за проширување на соработката во областа на полициското образование и обуките, како и за поголема размена на искуства меѓу полициските служби.
Според Тошковски, зајакнувањето на професионалните капацитети и практичната соработка меѓу институциите остануваат значаен дел од партнерството со Турција.
На средбата биле разгледани и други билатерални иницијативи од заеднички интерес.











