Оливер Миланов поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), а на негово место е назначен Јовица Андовски, досегашен заменик-министер за здравство, објави телевизија Телма.
Миланов раководеше со Агенцијата од јули 2024 година, кога Владата го именуваше за вршител на должноста директор. Неговото именување беше донесено на 2 јули, а функцијата ја презеде два дена подоцна.
По нешто повеќе од две години на директорската позиција, Миланов се повлекува, додека раководењето со институцијата го презема Андовски.
Новиот директор има претходно искуство во здравствениот сектор. Функцијата заменик-министер за здравство ја извршуваше од јули 2024 до октомври 2026 година, а на истата позиција беше и во периодот од 2011 до 2017 година.
Засега не се наведени причините за оставката на Миланов.










