Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на регионалниот пат Струга–Дебар, кај месноста „Лабунишки Ливади“, каде товарно возило излетало од коловозот и се превртело.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 30 јули околу 16:30 часот во ОВР Струга.
Во незгодата учествувал камион „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 56-годишниот Р.П. од Вевчани.
Како последица на превртувањето, возачот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва медицинска помош, тој бил згрижен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што лекарите ги констатирале повредите.
На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга, а причините за излетувањето на товарното возило се утврдуваат.






