Шестгодишно дете од Градско било донесено мртво на Детското одделение во Општата болница во Велес, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Случајот бил пријавен во СВР Велес на 22 јануари 2026 година во 20:23 часот. Според информациите, детето било донесено во болницата околу 19:45 часот, а имало претходни здравствени проблеми.
Лекарите констатирале смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. На местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.
По насоки на јавен обвинител, телото на детето е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

















