ПРВ.мк
Македонија

Судењето за „Онкологија“ одложено – одбраната на Васев бара Коцевски да ги преземе предметите

Судењето за „Онкологија“ одложено – одбраната на Васев бара Коцевски да ги преземе предметите

Новиот адвокатски тим на поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, побара од државниот обвинител Љубомир Коцевски да ги преземе двата предмети за случајот „Онкологија“ или да ги делегира на друго обвинителство, пренесе 4NEWS.mk.

Адвокатот Боби Спирковски ги оцени обвинителните акти како „нестручни и непрофесионални“ и истакна дека доказите не ја потврдуваат вината на обвинетите. Спирковски посочи и на сериозен проблем – улогата на д-р Милан Ристевски, поранешен директор, кој бил вклучен како технички советник и имал влијание врз економското вештачење.

Поради овие забелешки, денешното рочиште беше одложено, а продолжението на судењето е закажано за 8 октомври.

Покрај Васев, обвинети се и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, додека д-р Мери Пешевска ја призна вината и доби условна казна. Во вториот предмет, кој се однесува на финансиски злоупотреби, обвинет е и поранешниот организациски директор Нухи.

Escape