ПРВ.мк
Македонија

Студентските ваучери стартуваа, трговците спремни но и залихите се трошат брзо - еве до кога можете да ги искористите

Студентските ваучери стартуваа, трговците спремни но и залихите се трошат брзо - еве до кога можете да ги искористите
Kristal

По повеќемесечни очекувања, програмата за студентските ваучери за 2025 година официјално стартуваше, а скоро 10.000 студенти веќе го подигнале својот уред од економските оператори. Првите денови од програмата бележат неочекувано голема реализација и интерес кај студентите.

Според ИТ-секторот, процесот на избор, резервација и подигнување на уредите засега се одвива без застој, иако се соочуваат со најголем прилив на млади купувачи во последните години. Некои од поголемите технолошки трговци веќе имаат имплементирано дополнителни системи за оптимизација на процесот.

Подготовки уште пред три месеци

Компанијата Анхоч, која досега има најголем број на искористени ваучери, истакнува дека подготовките започнале уште од летото, повеќе од три месеци пред официјалниот старт. Преку студентска анкета, компанијата ги анализирала потребите и очекувањата на младите, врз основа на што креирала понуда за најпотребните уреди.

Дополнително, пред официјалниот старт бил лансиран систем за предрезервации, што им овозможило на студентите да го обезбедат точниот модел на уред што го посакуваат. За Скопје бил активиран и автоматизиран систем за закажување термини, каде секој студент избира датум, време и локација за подигнување на уредот, со цел да се избегнат гужви и чекање.

Студентите задоволни

Првите реакции на студентите се позитивни, при што многумина веќе го подигнале и искористиле својот ваучер. Аплицирањето и реализацијата се оценуваат како лесни и брзи, со мала забелешка на првиот ден кога веб страната имала проблеми со одзивот.

Висока побарувачка, но доволно залихи

Со официјално најавени над 55.000 ваучери, ИТ секторот се соочува со висок притисок, но компаниите уверуваат дека се подготвени за динамиката. Дел од моделите веќе се продадени, но нови залихи ќе пристигнуваат во текот на следниот период, обезбедувајќи континуирана достапност за студентите.

Escape