На скопски булевар „Македонско-Косовска Бригада“ се случи тешка сообраќајна несреќа во која млад мопедист беше тешко повреден. Судирот се случи помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од 20-годишник од с. Арнакија, и мопед управуван од 33-годишник од Скопје.
Повредениот мопедист, Е.М., беше итно пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му беа констатирани сериозни повреди. На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
















