Во Кочани се случил шокантен инцидент кој ја вознемири јавноста – 62-годишен маж ќе одговара поради насилство врз малолетник.
Според информациите од полицијата, против лицето Џ.К. од Кочани е поднесена кривична пријава за делото „насилство врз дете“. Настанот се случил на 25 ноември 2025 година, пред угостителски објект во градот, кога пријавениот физички нападнал дете од Кочани.
Од МВР информираат дека случајот е документиран, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.
Јавноста очекува брза реакција и соодветна санкција за овој тежок случај на насилство врз малолетно лице.

















