ПРВ.мк
Свет

ШОК ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА: 12-годишнo девојче асистирало за време на итна операција на мозок – судот ја откри целата вистина!

ШОК ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА: 12-годишнo девојче асистирало за време на итна операција на мозок – судот ја откри целата вистина!
Kristal

Окружниот суд во Грац денес донесе одлука да ги ослободи од обвинение неврохируршката и нејзиниот колега, обвинети дека ѝ дозволиле на 12-годишната ќерка на докторката да присуствува – и наводно да асистира – за време на итна операција на мозок во јануари 2024 година.

Судот утврди дека нема докази дека девојчето извршило каква било медицинска интервенција врз пациентот. Иако била во операционата сала под надзор на двајца лекари, истрагата не потврди дека таа пробушила череп на пациентот или дека директно учествувала во оперативниот зафат. Поради тоа, двајцата лекари се ослободени од обвинението за небрежно нанесување телесни повреди.

Случајот избувна во јавност по анонимна пријава поднесена половина година по операцијата. Според австриските медиуми, неврохируршката наводно им раскажала на колегите дека ќерка ѝ помогнала во текот на интервенцијата – изјава која подоцна ја повлекла, нарекувајќи ја „глупав мајчински занес“. Таа објаснила дека девојчето само ја ставило раката на инструмент што во тој момент го држела друга лекарка, без да направи медицинска постапка.

Пациентот, 33-годишен маж со тешка повреда на главата по несреќа, сведочеше дека бил шокиран кога дознал за можната вклученост на дете во операцијата, иако самата интервенција поминала успешно и без компликации.

„Имал непроспиени ноќи мислејќи дека 12-годишно девојче ми ја бушело черепната коска,“ изјави тој пред судот.

Обвинителството го оцени случајот како сериозно непочитување на пациентот, но судот нагласи дека се раководи исклучиво од докажливи факти, а не од етички ставови. Бидејќи обвинението не било поткрепено со докази, донесена е ослободителна пресуда.

Пациентот е упатен евентуалното обесштетување да го бара преку граѓанска постапка. Пресудата сѐ уште не е правосилна.

FixCredit
Escape