ПРВ.мк
Свет

Оваа држава се подготвува за војна? Масовно купува уреди за блокирање и детектори за дронови – воените бази под строг штит!

Оваа држава се подготвува за војна? Масовно купува уреди за блокирање и детектори за дронови – воените бази под строг штит!
Kristal

Финска драматично го засилува воениот штит и набавува стотици уреди за блокирање дронови и рачни детектори за беспилотни летала, со цел да ја заштити клучната инфраструктура и воените бази. Полковник Мано-Микаел Нокелаинен потврди дека новите SkyWiper Omni Max системи создаваат „заштитна купола“ од стотици метри, која целосно ги отсекува контролата, видеото и навигацијата на непријателските дронови.

Набавени се и Airfence детектори од финската Sensofusion и специјални нишани Smash од израелската Smartshooter – опрема што овозможува дроновите да се лоцираат, таргетираат и соборат во секунда.

„Ова е клучно за заштита на војниците“, изјави Нокелаинен, потсетувајќи дека Финска граничи со Русија и дека се приклучи во НАТО во 2023 година.

Финската армија веќе има речиси 1.000 FPV-извидувачки дронови, а следната година планира уште поголема набавка – повеќе модели, повеќе големини и уште понапредна противдронска технологија.

Финска сè повеќе личи на земја која активно се подготвува за модерни хибридни закани – а некои експерти велат дека ова е јасен сигнал: Москва е главната причина за алармот.

FixCredit
Escape