Граничниот премин Табановце во Македонија стана место на хаос откако поголема група мигранти, меѓу кои имало и Авганистанци, го демолирале кампот за мигранти
Според информациите, 20-тина мигранти предизвикале сериозни штети по објектите и инфраструктурата во кампот, вклучувајќи ги контејнерите, кујната за храна и објектите на Црвен крст.
Изворите наведуваат дека:
- Била обиена кујната и украдена храната.
- Шаторот-кујна бил исечен со нож.
- Објектот на Црвен крст каде бил сместен персоналот бил обиен.
- Украдени се мобилни телефони и други предмети.
- Некои мигранти се соблекувале голи и шетале низ дворот, во присуство на персоналот, вклучувајќи и жени.
Во меѓувреме, Црвениот крст се повлекол од кампот, нема да ги пружа своите услуги за храна и поддршка кон мигрантите за да се заштити животот и безбедноста на своите волонтери.
ЦУК и граничната полиција се алармирани, а сите меѓународни институции се известени за случувањата. Се очекува координирана акција на институциите за надминување на проблемот и донесување на соодветни одлуки за управување со камповите.
Оваа ситуација го истакнува проблемот со безбедноста и контрола во мигрантските центри, како и потребата од итни мерки за заштита на персоналот и објектите.
















