ПРВ.мк
Македонија

Стојанче Јовановски ја бутнал Ивана по скали пред сведоци – она што следело го крена случајот на нозе!

Стојанче Јовановски ја бутнал Ивана по скали пред сведоци – она што следело го крена случајот на нозе!
Kristal

Сериозен инцидент се случил на 19 јануари годинава во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, кога Стојанче Јовановски физички ја нападнал својата сопруга Ивана додека таа била хоспитализирана.

Според информации од извори запознаени со случајот, инцидентот се случил на Клиниката за дигестивна хирургија, каде што Ивана била примена на лекување неколку дена претходно. Таа била хоспитализирана од 15 јануари, а на 19 јануари Стојанче дошол во болницата за да ја посети.

Во текот на посетата дошло до сериозен конфликт, по што, според наводите, Стојанче ја бутнал Ивана по скалите во болничкиот објект. Падот бил силен, а таа паднала во бесознание. Настанот се случил пред присутни лица во болницата, меѓу кои имало и болничар, како и нивното дете.

Според информациите, целиот инцидент бил забележан од сведоци, а постои и документ кој го потврдува настанот. Станува збор за отпусно писмо во кое е наведено дека имало очевидци на случувањето.

По инцидентот, од Клиниката веднаш била повикана полиција. На местото на настанот пристигнале и две службенички од Центарот за социјални работи во Скопје, кои разговарале со Ивана за да утврдат што точно се случило и во каква состојба се наоѓа.

И покрај тоа што настанот бил пријавен и документиран пред надлежните институции, според информациите, Стојанче Јовановски во тој момент не бил приведен. Тој го зел детето од болницата и си заминал од местото на настанот.

Случајот предизвика внимание во јавноста, особено поради фактот што инцидентот се случил во здравствена установа, пред сведоци и во присуство на дете, а биле известени и повеќе институции кои се надлежни за вакви ситуации.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo