ПРВ.мк
Македонија

Пет месеци по трагедијата: Предистрага за пропусти на 11 полицајци во случајот со убиството на Росица Коцева!

Пет месеци по трагедијата: Предистрага за пропусти на 11 полицајци во случајот со убиството на Росица Коцева!
Kristal

Поминаа пет месеци откако Росица Коцева беше убиена во својот дом во Велес од нејзиниот поранешен партнер, кој претходно го убил и нејзиниот татко, а потоа извршил самоубиство. Министерството за внатрешни работи пријави 11 полицајци од СВР Велес во Обвинителството, за да се утврди дали имало пропусти во постапувањето за заштита на жртвата.

Според информациите од Обвинителството, предметот се наоѓа во фаза на предистражна постапка. Досега биле сослушани сите полицајци и други сведоци, а се преземаат и дополнителни дејствија за прибирање докази.

Росица Коцева претходно седум пати го пријавила својот поранешен партнер за закани и вознемирување, а на денот на убиството тој ги прекршил активните мерки на претпазливост изречени од судот, како забрана за приближување и контакт со жртвата.

Во 2025 година, бројот на пријави за семејно насилство во велешкиот регион е во пораст, со осум ефективни затворски казни, 21 условна казна и три случаи на испраќање на сторителите на психијатриско лекување. Единствениот смртен случај во регионот минатата година беше трагедијата со Росица Коцева.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo