ПРВ.мк
Македонија

СТЕРЕОТИПИТЕ ПАЃААТ: Пожарникарки во акција како никогаш порано - дали жените го рушат митот?

СТЕРЕОТИПИТЕ ПАЃААТ: Пожарникарки во акција како никогаш порано - дали жените го рушат митот?
Kristal

Во Македонија се отвора се поголем простор за жените да станат пожарникарки, следејќи ги примерите од поразвиените земји. Десетина жени од Источна Македонија веќе започнаа обуки за приклучување кон доброволните противпожарни друштва преку програмата „И ти можеш да бидеш хероина“, која комбинира теоретски и практични тренинзи за реагирање при пожари и користење на основната противпожарна опрема.

Меѓу учесничките е Танкица Стојанова од Струмица, која нагласува дека ваквите обуки се клучни за рушење на предрасудите дека пожарникарството е исклучиво „машка професија“.

Програмата доби и меѓународна поддршка од британската Операција „Флоријан“ и пожарникарката Ема Синглер од Манчестер, која истакна дека волјата и храброста не зависат од полот и дека бариерите кон еднаквоста треба постепено да се отстрануваат.

Обуките ги спроведуваат организацијата на жени од Свети Николе, во соработка со националната мрежа на доброволни друштва. Од ДПД Струмица посочуваат дека жените се подеднакво способни за теренска работа и дека секој обучен волонтер значително ја зајакнува безбедноста на заедницата.

Иако интересот за пожарникарството меѓу жените расте, во професионалните служби во Македонија засега работи само една жена пожарникарка, што ја покажува важноста од продолжување на ваквите иницијативи за поголема инклузивност.

FixCredit
Atensa 300
Escape