ПРВ.мк
Македонија

Срдечен последен поздрав: Болницата СИСТИНА се прости од Панчо по 213 дена борба

Срдечен последен поздрав: Болницата СИСТИНА се прости од Панчо по 213 дена борба

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објави емотивно соопштение по трагичната смрт на Владимир Блажев – Панчо, членот на популарното дуо ДНК, кој се бореше повеќе од седум месеци по повредите од трагедијата во Кочани.

„Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета… Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри и болничари кои беа 24 часа со тебе. Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство, се боревме и верувавме…“, стои во пораката на болницата.

Од „Аџибадем Систина“ изразија длабоко сочувство до семејството, најблиските, пријателите и колегите на Панчо, истакнувајќи дека тој оставил неизбришлива трага не само во македонската музика, туку и во срцата на сите што го запознале.

Escape