ПРВ.мк
Македонија

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА МИГРАНТИ: Фатен со 5 мигранти во автомобилот!

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА МИГРАНТИ: Фатен со 5 мигранти во автомобилот!

Дваесет и деветгодишен скопјанец бил лишен од слобода во Куманово, откако полицијата во автомобилот што го управувал пронашла пет лица мигранти од Непал.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран синоќа во 22:30 часот, на локацијата позната како „Нато клучка“. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот, при Регионалниот центар за гранични работи Север, го запреле и контролирале патничкото возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки.

Со автомобилот управувал А.И. (29) од Скопје, а при извршената контрола биле откриени петмина мигранти од Непал.

По откривањето на случајот, 29-годишникот бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Петте лица од Непал, пак, биле спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.