ПРВ.мк
Македонија

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 12 МИЛИОНИ ДЕНАРИ: Засилено напредува изградбата на новиот мост во кавадаречкото село Марена

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 12 МИЛИОНИ ДЕНАРИ: Засилено напредува изградбата на новиот мост во кавадаречкото село Марена

Градежните активности на новиот мост преку реката Луда Мара во кавадаречкото село Марена се одвиваат со засилено темпо, а инфраструктурниот проект на Општина Кавадарци постепено ја добива својата финална форма.

Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони денари, средства обезбедени преку поддршка од Министерството за транспорт. Со зафатот се гради современ мост со вкупна ширина од 8,5 метри, кој ќе располага со две коловозни ленти и тротоари од двете страни.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека реализацијата на овој проект значително ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот, ќе овозможи подобра поврзаност и ќе обезбеди поквалитетни услови за секојдневното функционирање на жителите на Марена и околината.