Според најновата долгорочна прогноза на метеоаналитичарот Славчо Попоски, Македонија оваа година ќе ја почувствува зимата многу порано од вообичаено! Попоски објави дека есента 2025 година ќе биде многу променлива, динамична и полна со изненадувања, со што веќе во ноември може да очекуваме снег и во пониските предели, додека на планините – снег ќе падне уште во октомври.
Според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF), атмосферските услови над Балканот и пошироко во Европа ќе бидат нестабилни, со чести промени во времето, повеќе врнежи и значителни температурни осцилации. Попоски нагласува дека есенва ќе биде влажна и постудена во споредба со последните неколку години, иако во поединечни периоди ќе имаме и топли, сончеви денови типични за есенскиот карактер.
Клучниот фактор за ваквата промена во климата е Ла Ниња – ладниот климатолошки феномен кој годинава значително зајакна над Пацификот. Според Попоски, оваа појава ќе има директно влијание врз европската клима, носејќи повеќе ладни продори од север, особено во втората половина од есента, но и повремено во нејзиниот почеток.
„Ова значи дека снегот може да пристигне порано, а граѓаните треба да се подготват за зимски услови уште кон крајот на ноември,“ вели Попоски, додавајќи дека планинските региони ќе бидат први погодени од зимската бајка, можеби и веќе во текот на октомври.
Тој сепак предупредува дека долгорочните прогнози имаат помала веројатност за точност, бидејќи атмосферата е променлива и подложна на глобални влијанија. Затоа апелира до граѓаните редовно да ги следат неговите краткорочни анализи, кои, како што вели, имаат над 90% точност.
Очигледно, по неколку поблаги есени, оваа година не чека вистинска климатска ролеркостер авантура – со врнежи, температурни падови и прв снег многу порано од очекуваното!
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк














