Нивото на водата во вештачкото езеро во Русија се намали за еден метар, соопшти руската служба за управување со води за ТАСС. Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков ги предупреди жителите кои живеат под браната да бидат внимателни и да ги следат упатствата за безбедност.
Командантот на украинските сили за дронови, Роберт Бровди, ја потврди серијата напади врз браната. Според него, водата од реката поплавила руски позиции во близина на селото Графовка, додека реката продолжува да тече кон украинска територија, каде руските сили од 2024 година држат мали мостобрани близу Вовчанск.
Меѓународното хуманитарно право строго забранува напади врз брани и други објекти чија штета може да предизвика катастрофални последици, освен ако тие објекти не се користат за воени цели, наместо за нивната вообичаена функција.
Во летото 2023 година, руските сили ја разурнаа браната Каховка, што предизвика масивен поплавен бран и поплави големи површини во јужна Украина, со многу жртви. Исто така, Русија таргетираше хидроцентрали на реката Дњепар, потсетува германската агенција ДПА.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк













