Бавен, но опасен ураган се приближува кон Јамајка, носејќи со себе поројни дождови и силни ветрови кои можат да предизвикаат огромни штети. Ураганот Мелиса, кој достигна максимална сила како петта категорија, се очекува да го погоди островот утре во утринските часови.
Властите се загрижени дека Мелиса би можел да стане најмоќниот ураган кој некогаш го погодил овој карипски остров. До сега, ураганот веќе предизвика четири смртни случаи на соседниот остров Хиспаниола.
Метеоролозите предупредуваат дека бавното движење на Мелиса значи дека поројните дождови ќе траат подолго, што создава висок ризик од опасни поплави и свлечишта.
„Овој потенцијал за екстремни врнежи ќе создаде катастрофална ситуација на Јамајка“, изјави Џејми Роми, заменик-директор на Националниот центар за урагани на САД.
Владата на Јамајка веќе нареди евакуации за одредени делови на главниот град Кингстон, додека целиот остров е прогласен за загрозен. Последните податоци покажуваат дека Мелиса се наоѓа на околу 200 километри од брегот, движечки се со брзина од 6 километри на час. Ветровите достигнуваат максимална брзина од 270 километри на час и се очекува да се засилат во следните 12 до 24 часа.
И покрај можните флуктуации во јачината на ураганот во наредните часови, Мелиса се очекува да стигне до Јамајка и југоисточна Куба како „екстремно моќен ураган“, а истовремено ќе задржи значителна сила додека се движи низ југоисточните Бахами.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк













