Град Скопје информира дека во следните денови ќе продолжи дезинсекцијата против комарци на подрачјето на главниот град.
Во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се спроведе авионска дезинсекција против комарци.
Потоа, во периодот од 23 до 26 август, ќе се спроведува терестична дезинсекција, односно прскање од земја. Третманите ќе се изведуваат во вечерните и ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.
Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволуваат спроведување на дезинсекцијата, таа ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни услови, во истите термини.
Воедно, упатен е апел до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на третманите.







