Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави дека најголем дел од 100-те електрични автобуси што ќе ги набави Владата ќе пристигнат до крајот на годинава. Дополнително, проектот БРТ е официјално откочен по писмото од ЕБОР, со што ќе се набават уште најмалку 30 автобуси. Ѓорѓиевски истакна дека во последните 10-12 години во Скопје се набавени само шест автобуси, додека сега само 30 електрични автобуси чинат 30 милиони евра.
Воедно, градоначалникот најави дека тендерската постапка за новиот лунапарк е во финална фаза, а градежните активности ќе започнат за 30 до 40 дена. Притоа, ќе се уриваат старите дискотеките во Градскиот парк, а правен тим работи да се вратат средствата за реквизити што биле со сомнителен квалитет и потекло.
Ѓорѓиевски додаде дека од јавните претпријатија се отстранети близу 800 лица, како дел од мерките за подобрување на работењето на градските институции.

















