ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕП: Стрелачки клуб продавал оружје на лица без дозвола – одземени десетици пушки и пиштоли!

СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕП: Стрелачки клуб продавал оружје на лица без дозвола – одземени десетици пушки и пиштоли!

Полицијата поднесе кривична пријава против стрелачки клуб од Прилеп, како и против управителот и ракувачот со оружје, поради сомнение за незаконска трговија со оружје.

Според информациите од МВР, кривичната пријава е поднесена против К.Ч. (43) од Прилеп, управител на клубот, Т.Д. (73) од Прилеп, кој бил задолжен за ракување со оружје, како и против самото стрелачко друштво. Тие се сомничат за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При увид извршен по наредба на јавен обвинител, во просториите на стрелачкиот клуб биле пронајдени пет малокалибарски пушки за кои немало соодветна документација и дозволи.

Дополнително, истрагата покажала дека управителот и ракувачот со оружје, како членови на управниот одбор, продавале огнено оружје кое било во сопственост на клубот на лица што немале дозвола за поседување оружје.

Во рамки на акцијата, од клубот биле одземени околу 70 малокалибарски пушки, 10 малокалибарски пиштоли, како и поголема количина пневматско оружје, по што ќе биде поведена и управна постапка пред надлежните институции.

Случајот отвори сериозни прашања за контролата и начинот на чување и дистрибуција на оружје во спортските стрелачки друштва.