Во Вишото јавно обвинителство во Белград бил сослушан Михајло Т. (19), кој е осомничен дека на 4 мај 2026 година, заедно со уште неколку засега непознати лица, се обидел да го убие момчето со иницијали М.П.
Според обвинителството, инцидентот се случил околу 23:20 часот во улицата „Ситничка“. Повредениот поминувал со автомобил во кој имало уште пет лица, меѓу кои и двајца малолетници. Кога излегол од возилото, дошло до кратка вербална расправија со осомничените.







