ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО КОЧАНИ: Куче нападнало мајка и 13-годишно девојче - сопственикот кривично гонет!

ДРАМА ВО КОЧАНИ: Куче нападнало мајка и 13-годишно девојче - сопственикот кривично гонет!

Полицијата поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Г. од Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, откако неговото куче нападнало мајка и малолетно девојче.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 11 март 2026 година, кога сопственикот го оставил кучето без надзор на улица. Во еден момент, животното нападнало жена и нејзината 13-годишна ќерка, при што тие се здобиле со повреди и претрпеле силен стрес.

По преземените мерки и документирањето на случајот, полицијата поднела соодветна кривична пријава против сопственикот на кучето.

Случајот повторно го отвори прашањето за одговорноста на сопствениците на домашни миленици и безбедноста на граѓаните на јавни места.