ПРВ.мк
Македонија

Скандал во МВР: Полицаец обвинет дека споделувал тајни со затвореник – ова се деталите!

Скандал во МВР: Полицаец обвинет дека споделувал тајни со затвореник – ова се деталите!
Kristal

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров.

Полицискиот службеник се сомничи за сторено кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.

Според информациите, на 20 декември 2025 година, управител на угостителски објект во Скопје пријавил кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Во рамки на постапувањето по пријавата за оштетување на имот, управителот му доставил видео-снимка од безбедносни камери на полицискиот службеник, поврзана со настанот.

Наместо видеото да се користи исклучиво во службена постапка, пријавениот полициски службеник го споделил видеозаписот преку социјалната мрежа „Инстаграм“, правејќи го достапен на лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“. Истото лице, според пријавата, било осомничено и пријавено од управителот за кривичното дело „изнуда“.

Одделот за внатрешна контрола најави дека против А.Ј. ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка поради кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе бидат изречени и задолжителни мерки, меѓу кои одземање на службеното оружје и муниција, упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, односно суспензија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape