Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои во просек растат за 0,77 проценти во однос на одлуката од 26 јануари 2026 година.
Новите цени ќе важат од 3 февруари 2026 година од 00:01 часот. Според одлуката, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 72,00 денари за литар
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 74,00 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 денари за литар
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,00 денари за литар
- Мазут М-1 НС: 33,885 денари за килограм
РКЕ информира дека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ и екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50 денари по литар.
Цената на мазутот М-1 НС бележи поголем раст и се зголемува за 0,786 денари по килограм, со што новата цена изнесува 33,885 денари за килограм.
Од РКЕ појаснуваат дека зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на светските пазари, кои во споредба со претходната пресметка пораснале во просек:
- кај бензините за 2,433%,
- кај дизел горивото за 4,757%,
- кај екстра лесното масло за 3,829%,
- кај мазутот за 5,973%.
Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот долар во периодот на пресметката бил понизок за 1,6498%, што исто така влијаело врз формирањето на новите цени.
















