ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Доцна синоќа работници фатени како крадат нафта – градоначалникот објави фотографии!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Доцна синоќа работници фатени како крадат нафта – градоначалникот објави фотографии!

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) биле затекнати при кражба на поголемо количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој случајот го објави и со фотографии.

Според информациите што ги сподели градоначалникот, случајот бил откриен од внатрешната контрола во ЈСП, по што веднаш биле известени и повикани полициски службеници за да постапат.

Ѓорѓиевски најави дека лицата кои се поврзани со случајот ќе бидат отстранети од работните места, а воедно очекува и Обвинителството да преземе соодветни мерки и да отвори постапка за утврдување на одговорноста.

„Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.

Тој посочи дека ваквите случаи, според него, се последица на долгогодишното системско уништување на градот и злоупотребата на јавните ресурси, нагласувајќи дека средствата наменети за функционирањето на градските претпријатија мора да се чуваат и да се користат исклучиво за потребите на граѓаните.

„Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома. Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок!“, порача Ѓорѓиевски.

Градоначалникот најави дека ќе продолжи со, како што ја опиша, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во градските јавни претпријатија, со цел да се спречат злоупотреби и да се заштитат јавните средства.

Засега нема официјални информации за тоа колку вработени биле затекнати во случајот, ниту колкаво количество нафта било предмет на кражбата.