ПРВ.мк
Македонија

Скандал или манипулација? Цеца конечно проговори за хаосот во Велес!

Скандал или манипулација? Цеца конечно проговори за хаосот во Велес!
Kristal

Скандалот што ја потресе јавноста по концертот во Велес доби нов пресврт. Познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ остро реагираше на шпекулациите дека нејзиниот настап бил насилно прекинат, откако предизвика револт подигајќи бугарско знаме на сцената.

По вестите дека била „симната од бината“, Цеца реши да проговори и да ја каже, како што вели, единствената вистина.

„Пуштени се лаги дека сум била симната од бината. Тоа не е вистина. Имав прекрасна вечер со мојата публика и настапив повеќе од два и пол часа без никаков инцидент“, изјави пејачката пред снимањето на новата епизода на „Ѕвезда Гранда“.

Таа нагласи дека целата ситуација со бугарското знаме е веќе разјаснета и дека нема никаква драма зад настапот.

„Сè е решено, немаше никакви проблеми. Не ми е јасно зошто некои медиуми шират невистини и се обидуваат да создадат скандал таму каде што го нема“, додаде Цеца.

Настапот на Цеца во Велес предизвика големо внимание, но според неа, вечерта била исполнета со позитивна енергија и одлична атмосфера, а приказните за прекин на концертот се – чиста измислица.

Escape