Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне да тестира нова „основна бизнис класа“ од декември на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта. Целта е да се обезбеди повеќе простор за патниците без голема разлика во цената.
Концептот е едноставен – средното седиште во првиот ред ќе остане празно, нудејќи поголема удобност и полесно качување. Специјалните седишта ќе бидат поскапи, но патниците ќе имаат ист третман како и останатите.
Виш комерцијален и оперативен директор на „Виз Ер“, Мајкл Делехант, нагласи дека цената нема да биде многу повисока од дополнителното купување седиште, а идејата е да се зголеми ефикасноста и удобноста на патувањето.
Ова е дел од поширокиот тренд на нискобуџетните превозници во Европа и САД кои воведуваат премиум услуги за да се натпреваруваат со големите авиокомпании, при тоа задржувајќи ниски цени за основната услуга.















